Мирен протестен марш на жените од цела држава реализиран во Штип за исти можности за сите

Голем протестен марш на жените од цела Македонија реализиран во Штип. Денеска точно на пладне Унијата на жени од ВМРО ДПМНЕ под мотото „Посилни од предрасудите“ го започнаа маршот пешачејќи од мостото во населба Осми ноември до малиот плоштад во Штип. Целта единствена во пресрет на денот на жената осми март да се покаже дека сите се исти и еднакви и да се зголемат прават на жените. На маршот присуствуваше и предсеталеот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој даде целосна поддршка за правата на жената.

„Денеска во организација на унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ сме тука во Штип да го одбележиме денот на жената Осми март, на мајката, на жената, на сосетката… Со овој марш протестираме за сите оние жени кои се дискриминирани, но и воопшто за луѓето кои се дискриминирани во Макеоднија. Бидејќи тешко се живее, повеќе од половина милион луѓе живеат со помалку од 150 денари на ден, рафтовите на продавниците се празни, инфлацијата е голема, стандардот се помал. Луѓето едвај скрпуваат крај со крај“ – кажа Мицкоски.

Жените од цела Македонија денеска дадоа поддршка на протесниот марш. Според нив правата на жената треба и мора да бидат на повисоко ниво.

Преку флаери и плакати на кои се истакнуваше дека треба да има еднакви можности за сите, Стоп за насилството врз жените, Секогаш обесправени, никогаш обесхрабрени, жените од целата држава преку овој марш си ги побараа своите права, покажувајќи дека не се и не треба да бидат безглсна буква.

Лаура Стојанова М-Нет