
Обилните врнежи на дожд прават сериозни проблеми – теренот во Виница е под вода, а тоа е причина за одложување на натпреварот меѓу Слога и Охрид, што значи дека утрешниот меч од 15. коло меѓу овие две екипи нема да се одигра.
Претходно се одложи натпреварот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Скопје, па останува прашањето ќе има ли услови утре да се одиграат останатите средби од последното есенско коло.
Дождовите продолжуваат и понатаму што го отвара прашањето во каква состојба ќе бидат утре фудбалските терени каде треба да се игра второлигашки фудбал. Останува да видиме како ФФМ ќе реагира и дали ќе има комплетно одложување на колото.
Александар Ванев, М-Нет