Успехот на штипјанката Нисева која го освои златото во борење препишан на Бугарија

13 годишната Андреа Нисева која го освои првото место на Балканското првенство во Романија со свои ипресии пред камерите на М-Нет телевизија раскажува за искуството и борбите на терен. Со две победи и резултат од 10:0 и една со резултат 9:1 младата Нисева се враќа во државата со злато.

„Во Романија на Балканското првенство се натпреварував во категорија до 46 килограми. Во Романија учествуваа 10 држави. Се натпреварував со Романија, Косово и Хрватска. Првата борба ми беше со Романија победив со 10:0, втората борба ми беше со Хрватска исто така 10:0 и третата борба ми беше со натпреварувачка од Косово ја победив 9:1 и воедно ова ми беше една од потешките борби.“ – кажа Нисева.

Од БК Олимипија на Балканското првеснство во Романија се бореле двајца членови, но и двајцата за други клубови или дури други држави заради проблемите кои ги има клубот со федерацијата. Успехот на младата Нисева, се впишува на Република Бугарија бидејќи таа настапувала како дел од клуб од Бугарија.

„Учествуваа двајца натпреварувачи, Андреа Нисева и Марио Ананиев. Поради проблемите кои ги имаме со федерацијата моравме и двајцата членови да ги пишеме за други клубови. Моментално Марио се натпреварува за БК Бучим, Радовиш, а Андреа се натпреварува за екипа на Република Бугарија. На Балканското првенство учествуваа десет држави, имаше исклучително добри борби во кои Марио загуби во финалето, а Андреа успеа да победи“ – кажа Нисев.

Членовите на БК Олимпија не може да се натпреваруваат за нашата држава бидејќи не се решени недоразбирањата кои подлго време се провлекуваат со Боречката федерација на Македонија.

Лаура Стојанова М-Нет