
Во тек е создавањето комисија при УГД Штип која што ќе ги разгледа сите забелешки околу новиот закон за високо образование. Ректорот Дејан Мираковски истакна дека за нив како универзитет е важно да има закон, кој што ќе овозможо развој во високото образование
,,Утре имаме колегиум кој што ќе ги собереме, ќе направиме комисија која што ќе ги спореди моментално сите забелешки кој што ги имаме. Интегрирано потоа повторно ќе ги поминеме на органите. Јас не би сакал да предвреме коментирам. Нешто за нас е важно да има закон кој што ќе овозможи развој и на високото образование и да ја врати местото на високото образование во поврзаноста со реалниот сектор, со општеството. Сигурен сум дека во тој правец ќе бидат и ставовивте на универзитетот, мегутоа јас лично не би сакал да давам додека не се заврши интерниот процес на консултации. Ова што го правиме не е нешто ексклузивно, овој начин на функционирање сега и иновацките центри се нешто што го направиле другите пред нас и овозможило навистина голем развој. Многу земји ги поместиле и квалитетот на животот и економијата, ги поместиле токму преку овој пристап, преку поврзување на младите со реалниот сектор.“, рече Мираковски
Mираковски истакна дека голем број на луге во моментот прават анализи за сите аспекти, како од начинот на напредување, па се до можноста за вработување на млади луге. Рече дека има доста работи кои што се позитивни, а додаде и дека има можност да се финансираат младите и преку проекти.
,,Сите тие чекори моментално ги анализираме, планираме. Имаме одредени просторни планови кои што се во фаза на реализиација. Треба да ги докомплетираме и ќе имаме чекори. Ова е иницијатива, која што треба да овозможи да го доведеме до фаза да може да се објави наскоро.“, додава Мираквоски
Инаку, како што посочуваат надлежните од таму, сега со помоиш на иновацискито ценар универзитетот ќе има поголем развој. Велат дека преку овој пристап со поврзување на младите со реалниот сектор ќе се подобри квалитето на живот и економијата.
Иван Митев, М-Нет