Текстилните компании во колапс, предвидувањата за од април годинава уште понегативни од претходно

Текстилните компании доживуваат колапс. Она што се предвидуваше во март претходната година, дека бројот на вработени ќе опаѓа, плати ќе нема а најмногу ќе страдаат вработените, сега е на максимално ниво. Од април годинава предвидувањата се уште понегативни.

„Ако смеам да го користам оној народен јазик, можам да кажам дека она што ни се случи од март минатата година со отпуштени работници сега од април оваа година ќе ни се чини како малиот ѓавол. Дополнително текстилната индустрија, ние Источниот регион ќе го почувствуваме тоа, бидејќи кажавме ние уште од лани дека во тој период не требаше субвенционирање на плати во текстилната индустрија, туку требаше да помогне државата да се инвестира и да бидеме конкурентни на европскиот пазар“ – истакнаа од „Гласен текстилец“ – Штип.

Дел од текстилните компании спас гледаат во донесување на петтиот пакет антикризни мерки кои се заглавен во Собрание. Пандемијата само ги извади на виделина недостатоциите кои ги имаше и претходно, е ставот на Филипов, според кој текстилната индустрија нема иднина.

„Пандемијата само ги изнесува на видело сите наши негативности кои од година во година се поизразени. Текстилната индустрија нема иднина. Ако го земеме Штип кој има некаде околу 70 текстилни компании и има текстилно средно училиште со 70 ученици тоа значи дека ние за неколку години ќе немаме текстилна индустрија во Штип“ – истакна Филипов.

Државата мора да изнајде решение за и вака големиот проблем на текстилните компании, и да се задржи бројот на врабтени, сега кога тоа е најпотребно.

Лаура Стојанова М-Нет