Страшна е глетката на планината Готен, најкритично од радовишка страна, пожар и на планината Серта

Страшна е глетката на планината Готен, гори и од беровска, и од струмичка и радовишка страна. Сите служби на терен, а помош има и од бе те ер, хермелините, армијата и полицијата. Како што истакнаа пожарникарите од ТППЕ Берово за нашата телевизија, во моментот од беровска страна останува да се стави под контрола уште една точка, но додаваат дека најкритично засега е од радовишка страна, каде теренот е непристапен. Според нив, ситуацијата е доста критична, а гори сувата трева и високо стеблеста шума. Од ЦУК, пак информираат дека во моментот има вкупно 10 активни пожари. Покрај во Општина Василево, Радовиш и Берово, гори и на планината Серта кај села Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста и деградирана шума. Додаваат дека под контрола е пожарот на планината Плачковичковица кај село Јунузлија.

Иван Митев, М-Нет