
Во сабота на програмата ќе бидат натпреварите од 24. коло на Втора лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Стојанче Стојанов ќе им суди на Детонит Плачковица и Борец во Радовиш, Пларент Салихи на Вардар Неготно и Брегалница, Марјан Младеновски на Кожуф и лидерот Македонија ЃП.
Кирил Смоквоски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Скопје и Арисми, Марјан Дејаноски ќе им суди на Осогово и Беласица, додека пак Никола Петковски ќе биде главен судија на мечот меѓу Вардарски и Охрид.
Ангелчо Ристов ќе им суди на Каменица Саса и Башкими, а пак Александар Василевски на Новаци и Победа.
Александар Ванев, М-Нет