
Стечајните работници и понатаму продолжуваат со реакциите за неисплатениот паричен надоместок. Претходно, протече информацијата дека над 700 корисници на јавни средства од Штип, стечајни работници и лица на кои им е откажан договорот за вработување од деловни причини, технолошки, организациони и други промени останаа без паричниот надоместок поради бирократска процедура. Сега, пак, реакции пристигнаа и до нашата редакција. Стечајците велат дека се оставени без средства за егзистенција, бидејќи и на 18. месецов немаат добиено надоместок. Во време кога цените и на основните производи континуирано растат тие немаат финанскиски средства дури ниту за леб. Велат дека за истово се имаат обратено и во Центарот за вработување, од каде им одговориле дека надоместок ќе има во текот на денов или до крајот на работната седмица. Но, за стечајните работници ова е премногу, бидејќи како што истакнаа за М-Нет телевизија сметките за вода и електрична енергија не чекаат и треба навремено да бидат платени.
Сличен одговор добија и медиумите. Од Центарот за вработување – Штип велат дека станува збор за нивна грешка, која ќе биде поправена во текот на денешниот ден. Парите ќе бидат пуштени на сметка на граѓаните уште денес, а тие ќе ги добијат утре.
Ребека Спасова М-Нет