
Учениците од регионалниот центар Коле Нехтенин Штип денеска имаа можност да готват заеднички со познатиот шеф Марк. Тој беше гостин кој сподели дел од своето долгогодишно искуство со готвењето, а средношколците имаа можност да го надоградат своето знаење и вештени кога е во прашање приготвувањето вкусна храна.
„Во кујната на регионалното училиште Коле Нехтенин во Штип секогаш се готви нешто убаво и вкусно. Денес нашите ученици имаат чест да го имаат како гости големиот шеф Марк“ – вели Шалева.
Шеф Марк во кујна со средношколците им сподели искуства и совети, како подобро да готват. Иако првично се покажаа добро во она што го работат, сепак тој се обиде да додаде детали со што во иднина би биле одлични готвачи.
„Јас можам да кажам бидејќи кратко ги запознав, дека се трудат да слушаат, да бидат средени, имаат добар професор и мислам дека во иднина ќе бидат уште подобри.“- вели Марк.
Учениците практична настава следат во средното училиште, меѓутоа посетуваат и угостителски објекти каде работат директно во кујна и го надополнуваат своето знаење.
„Секој од учениците доаѓа со желба да биде готвач, ние сме овде само да ги надоградуваме за да бидат успешни во работата. Покрај практичната работа која ја имаме во кабинетите, практичната работа се извршува и во угостителските објекти“ – вели Антониевски.
Задоволни од денешната посета на шеф Марк беа и средношколците, кои научија нови начини на готвење, држење на нож и слично.
Учениците од трета година заеднички со Марк денеска приготвија вкусно месо со пире.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет