
Првиот училишен ден во второто полугодие во Штип започна со минус 81 ученик во средните и основни училишта. Ова е бројка која покажува колку од учениците се испишале од училиште во периодот од мецес септември до месец декември 2022 година.
Второ по број на испишани ученици е основното училиште „Ванче Прќе“, а десетина ученици заминале и од средното училиште Коле Нехтенин. Од секторот за образовните при Општина Штип велат дека има и пракса во која учениците се враќаат назад по еден месец, и тој процент се движи од 20 до 30%.
„Во средните општински училишта имаме 12 испишани ученици на ниво на општина, додека кај основните училишта ситуацијата е малку позагрижувачка, таму имаме околу 69 испишувања. Но, добивме и информација од некои директори дека се случува семејствата кои заминуваат во странство по еден месец да се вратат повторно. Од прилика некаде 20 до 30% од тие што си заминуваат се враќаат назад.“ – вели Санева.
Ништо поразлична не е ситуацијата ниту во четирите основни и двете средни училишта во Кочани. На ниво на општината второто полугодие започнало со 63 ученика помалку, кои побарале испишување од училиште. И овде ситуацијата е поаларманта во основните училишта, бидејќи за четири месеци од овде се испишачле дури 52 ученика кои со своите семејства заминале во странство.
И почетокот на учебната година не беше ништо поразлична од моменталната состојба. Во септември 2022 година во основните училишта во Штип се запишаа 463 првачиња, што значи за 200 првачиња помалку од бројката деца кои требало да тргнат во прво одделение. Причините се најразлични велат од сектрот образование, но најчесто заради заминување во странство.
Лаура Стојанова М-Нет