Со низа активности одбележан 22 февруари, Денот на извидниците и јубилеј пет години извидници во Штип

Со низа активности одбележан денешниот ден 22 февруари, Денот на извидниците или датум на кој се одбележува раѓањето на таткото на извидништвото. Оваа година се слават 116 години Извидништво во светот, јубилеј 70 години извидници во Македонија и пет години извидници во Штип.

„По повод 22 февруари организираме неколку активности, како што беше крводарителската акција, моментално крводарителска акција има и во Скопје, нашата акција помина многу успешно и се надеваме дека ќе прерасне во една традиција. Дополнително организиравме под мотото „Направи добро дело, предизвикај насмевка“ организиравме мала акција и ги посетивме нашите најмали членови и им врачивме аблеми.“ – вели Тошиќ.

Активности по повод денешниот ден ќе се организираат и во иднина, однонсо предвидено е продолжување на акцијата закачалки на добрината, кои ќе се постават во Сењак 2 и во Градскиот пазар во Штип.

“Во иднина ќе организираме ќе организираме уште неколку активности и ќе ја продолжиме и акцијата која е мошне успешна за закачалките на добрината „Ако имаш донеси, ако немаш понеси“ кои ќе бидат поставени уште на две локации во град Штип, во Сењак 2 и во Градскиот пазар“ – додава Тошиќ.

Во Штип официјалното одбележување на денешениот ден започна вчера со крводарителската акција на која над 60 граѓани даруваа крв за да спасат човечки живот.

Лаура Стојанова М-Нет