
Со мрсен зелник и лепче со паричка, голем број семјествата вечерва ќе ја дочекаат Стара Нова година или позната како православна нова година, која почнува од утре на ден Василица. На семејната трпеза се крши повторно лепче, исто како на Бадник, а се верува дека кај оној што ќе се падне паричката, годината ќе му биде среќна и бериќетна. Граѓаните на терен со поделни мислења во однос прашањето дали треба да се слави или не, но и едните и другите категорични, традицијата треба да продолжи да се негува.
Некогаш во текот на оваа вечер и во текот на утрешниот ден се правеле обичаи поврзани со стара нова година и Василица. Познатиот обред Сурова и василичарите остануваат само во сеќавање.
Инаку, стара Нова година се одбележува секогаш на 13 јаниари, додека Василица секогаш на 14 јануари, менуваат ден, но никогаш датум. Овие празници спагаат во групата на зимни празници, а овие денови се познати и како некрстени, во кој според верувањето има многу зли сили, а со некогашните обреди и традиции истите се изгонувале. Некрстени денови се се до Водици, односно 19 јануари.
Иван Митев, М-Нет