
Со врати кои не можат да се затворат, ѕидови кои секојдневно попуштаат и под кој пропаѓа и се искривува, веќе неколку месеци на улицата „Иво Лола Рибар“ во Штип живее Сузана Стојанова, самохрана мајка, заедно со својот 35 годишен син, кој има церебрална парализа и користи инвалидска количка. Според Стојанова, оштетувањата во станот започнале со изградбата на новите станбени згради, кои се граат во нивна непосредна близина. Таа вели дека најтешко е наутро, кога треба да го испрати синот во дневниот центар. За да го изнесе од станот заедно со инвалидската количка, мора со раце да ја подигнува вратата, а истата постапка ја повторува и при враќањето дома. Бидејќи вратата не може целосно да се затвори, наместо со клуч, ја затвора со врвца истата закачува на шајка.
„Иво Лола Рибар, овде живеам 36 години во овој стан. Како почнаа да се градат зградите не е една, дури шест се, треба уште три да се грдат, кај мене почна стано да се руше, затоа што овие згради се од 1943 година градени, без плочи и имаа трска. Во купатилото, надвор, а сега веќе не можам да функционирам со детето. Морам да ја заклучувам надворешната врата од зградата, а оваа што е нашата на станот ја врзувам со врвца, бидејки не се затвора целосно, поради ѕидот. Колку, толку, преку таа можам моето дете да го изнесам, кое посетува дневен центар, многу тешко го изнесувам и внесувам моето дете. Морам да ја подигнам врата во раце, да ја отворам, па кога ќе го испратам, да ја подигнам и затворам, али истата не се затвора. На мене до сега ништо не ми е било тешко, тоа ми е било некаква слатка мака, што ние двајцата се научивме да функционираме сами. Тој сам се научи да си ја вози количката, ама сега проади овие случувања подот не е рамен, искривува се, а тој нема толку сил, пошто е дете со церебрална парализа, не може да функционира. Имам стол инвалиден, купатило го направив за инвалидирзирани лица, не можам и со столот веќе да функционирам да го внесувам, така да тешко е ама сепак се бореме. Мислам дека ќе се изборам, нема да паднам.“, вели Стојанова
Стојанова вели дека не бара ништо друго, само станот да и биде безбеден и вратен во нормална состојба. Бара да дојде стручно лице и да види што треба да се преземе.
,,Внатрешните ѕидови прво почнаа да покажуват и после почна се нагло да пука од таа некоја механизација и што минуваат од тука, тоа се огромни миксери со тие малтери. За овие згради сите мораат од тука да минуваат, бидејки оваа улица е едносмерна. Викав и мајстор, подгинуваа ја врата, рекоа повеќе да не ги викам, бидејки не може повеќе вратите да се подигаат. Сакам како што ми е било, да ми биде, да имам еден нормален живот со детето јас да живеам. Јас не можам до град да излезам со него. Не можам да функционирам, а и он сака да излезе надвор, а не во комбето, од комбето во центарот, од центарот дома 24 часа тоа. Оне 35 годишен маж, што и јас како мајка сакам да излезам како и сите мајки да пијам кафе. Да дојде некој стручен, да дојде да виде и да каже што е како е, за да може да се санира.“, додава Стојанова
И соседката на Сузана, која живее спроти неа, вели дека и кај неа има пукнатини на ѕидовите. Посочува дека зградите се стари, но забележува дека состојбата во становите бара внимание.
Сузана се надева дека стручно лице ќе ја испита состојбата и ќе утврди дали оштетувањата во станот се последица на изградбата на новите згради во непосредна близина.
Иван Митев, М-Нет