
Двајца комунални инспектори има во Општина Штип, но засега задоволителна е бројката и во останатите општини. Дополнително, комунални инспектори работат на полагање и земање лиценци, со што ситуацијата драстично би се подобрила. Од почетокот на годината воведени се измени во Законот, а веќе наредниот месец се очекува нова средба со цел решавање на проблемите кои се појавуваат секојдневно.
„И во другите општини има комунални инспектори коишто и се во постапка на полагање и во постапка на земање на лиценца. Од 1.1.2026 имаме нов закон за инспекциски надзор и во однос на новиот закон се додадени нови работи кои претходно ги немаше, а се изготвуваат и подзаконски акти, промена на нови записници, на нови решенија кои самите инспектори треба да ги применат. Во однос на новиот закон планираме во месец март да имаме нови обуки и на централно ниво и да ги решаваме проблемите“ – вели Везенков.
Измените во законот се од технички аспект, вели Везнков, но значајни за нив. Целта е да се надминат проблемите се најактуели. Преходната година на пример во Штип најголем предизвик за комуналните инспектори беше собирањето на смет, бидејќи граѓаните ѓубрето го оставаа и до контејнерите, а дополнително фрлаа и кабаст отпад, мебел, на места кои не се за таа намена. Слична ситуацијата беше и во Струмица и Босилево. Година дена подоцна се бара помдрнување од мртва точка, со помош на измените во законот.
На ниво на државата лани имаше околу 150 комунални испектори, со тенденција оваа бројка да се зголемува и во општините навремено да се извршуваат обврските и активностите на комунални инспектори.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет