Сеуште затворен патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица

Состојбата на патиштата во Источниот дел од државата сеуште без некои поголеми промени. Затворен е патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон. За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево информираат од Македонија пат.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември задолжително е и поседување на зимска опрема во автомобилите и ова ќе трае до 15 март годинава. Се препорачува на пат да не се излегува со техничко неисправно возило, за поголема безбедност и сигурност по патиштата, секако и почитување на поставените знаци.

Лаура Стојанова М-Нет