
Екипата на Кожуф и следната сезона ќе игра во Втора лига откако избори опстанок славејќи убедливи 4:0 над Борец со погодоците на Лембовски, Тодоровски, Гугуљанов и Стојанов.
Борец кој беше шампион на Трета лига – Југ и следната сезона ќе биде во истиот ранг на натпреварување.
Каменица Саса испадна од Втора лига, откако во Кратово загуби со 1:2 од Еуромилк ГЛ, со што тимот од Горно Лисиче се врати во Втора лига.
Стојановски донесе водство за шампионот на Трета лига – Север на старт од вториот дел, во 83. минута Трајчов погоди за 1:1. Казната стигна во 89. минута кога Мифтар постигна гол за 1:2 и славје за тимот на Еуромилк.
Камјани е нов второлигаш откако во Штип со 0:2 славеше над Победа од Валандово, во третолигашкото соочување каде шампионот на Запад беше подобар од шампионот на Исток.
По само седум минути игра тимот на Камјани стигна до 0:2 предност која ја сочува до крај за славје и влез во Втора лига.
Берзати и Адеми беа хероите кои го одведоа Камјани во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет