
Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе жалба со Светската ракометна федерација за судењето на данските судии Јеспер Хансен и Мадс Хансен за натпреварот со Холандија.
Повеќе од јасно беше дека судии судеа на штета на македонската репрезентација, која загуби со 37:32, а холанѓаните добиваа поклон пенали.
В недела Македонија ќе се соочи со Гвинеја со почеток од 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет