
Ланскиот шампион Куманово кој него помина баражот за Втора лига, ремизираше во дербито на 2. коло во Трета лига – Север со екипата на БВК Коњаре, конечниот исход беше 3:3.
Куманово игра со млади играчи, а во мечот БВК Коњаре важеше за фаворит.
Шкендија Арачиново со 0:2 запиша нова победа над Башкими Љуботен, а пак поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ славеше над Академија Илинден со резултат од 7:0. Фаворитите според планот и во второто коло.
Новиот третолигаш Пчиња со 2:0 славеше над Аеродром, а пак екс второлигашот Кадино со 3:1 го доби Њу Старс.
Риниа загуби на домашен терен со резултат од 2:4 од екипата на Ржаничино, а пак Фортуна со 2:0 ја доби екипата на Беса Влазрими.
Следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од 3. коло.
Александар Ванев, М-Нет