
Расадите на домати, пипер, компир, но и семе за луцерка веќе може да се најдат на пазарите во Истокот. И покрај тоа што сеуште е рано, температурите варираат, има појава на слана, производителите на расади своите пласмани ги имаат пласирано по пазарите. Иако слаба и незадоволителна сепак побарувачка има, истакнаа продавачите од Општина Чешиново- Облешево.
Цената на расадот за домати и пиперки варира. Се движи од 5 до 10 денари во зависност од сортата, додека семето за луцерка од 180 до 200 денари.
Како што велат производителите цело зимо работа, за минимални пари. Но, маката го сторила своето па местото на пазарите го зафаќаат уште рано изутрина. Со надеж дека ке продадат барем дел од своето производство.
Лаура Стојанова М-Нет