
Ракометниот суперлигаш Пролет за новата сезона промовираше две нови засилувања, станува збор за Мице Шилегов и Андреј Глигоров.
Шилегов игра како десно крило, а со новиот клуб стави потпис од една година. Шилегов во Пролет доаѓа од Голден Арт, а претходно поранешниот младински репрезентативец ги бранеше боите на Металург и Охрид.
Со Шилегов од Голден Арт пристигна и 20-годишниот пивот Глигоров, кој важи и за специјалист во играта во одбрана. Двајцата ракометари се очекува да имаат значајна улога во дресот на Пролет за новата сезона во Суперлигата.
Пролет под водство на шефот на стручниот штаб Александар Јовиќ ги започна подготовките за новата сезона. На првиот тренинг беа присутни и четирите засилувања Стојчевиќ, Даскалоски, Шилегов и Глигоров.
Предвидено е подготовките да се одвиваат во Скопје, под водство на тренерот Јовиќ и неговиот стручен штаб ќе се работи по два пати дневно, а предвидено се и пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.
Новитет ќе биде тоа што тренерот на првиот тим Александар Јовиќ ќе го превземе и раководењето на кадетската екипа, која ќе се натпреварува и во кадетскиот и младинскиот шампионат во Македонија во следната сезона. Клупската легенда Илија Темелковски во иднина ќе ја извршува функцијата координатор на сите младински категории во младинската школа на Пролет, а тоа значи дека клубот мисли на иднината и гради стратегија за развој на клубот на долги патеки.
Александар Ванев, М-Нет