Претседателот на Советот во Кочани е и директор на основно училиште, советниците од „Доста беше“ со реакција

Советник од Советот на Општина Кочани истовремено е директор на основно училиште, што според законот е неспојлива функција, тврдат од независната советничка група „Доста беше“ Кочани. Тие посочуваат дека за случајот постои официјално мислење од Државната комисија за спречување на корупција, кое јасно вели дека ваквите ситуации претставуваат судир на интереси.

,,Вршењето на функција директор на основно училиште е неспојлива со вршењето на функцијата член на совет на Општина Кочани. Ние за ова веќе реагиравме и членот на советот кој има судир на интереси ни одговори дека и во претходните совети е имало директори кои платиле само казна, а правото велело дека за едно дело казна не може да се плати два пати. Ако е така, тогаш испага дека кршењето на зоконот е самоуслуга која се наплаќа. На пратициозноста на ВМРО ДПМНЕ и нема граници, игра на сила и надмоќ, затоа што мислат дека никој ништо не им може. Нашата советничка група на следната седница на советот на општината ќе стави точка на дневен ред, одлука по мислењето на државната комисија за спречување на корупција. Мнозинството ќе треба да постапи правилно, доколку не, ќе треба да бидеме принудени да одиме кон повисоки надлежни судски инстанции.“, рече советникот Цветанов од независната советнича група ,,Доста беше“

Советниците бараат соодветна реакција од надлежните институции со цел да не трпи општината и да се носат одлуки кои се од значење за Кочани,.

На пресот реагираше и директорот на училиштетот и претседател на Советот, Александар Андов. Истакна дека ќе ги почитува сите законски прописи и нормативи како што предвидува законот, секогаш како и до сега. Дополнително се повика на Законот за Локална самоуправа член 44 во кои се вели дека член на советот не може да биде вработен во општинска администрација и дека не може да учествува во одлучување за прашања ако е вработен во јавни служби основани од страна на општината.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет