
Потопол, сончев, пазарен петочен ден во Општина Штип. Раздвиженост имаше, производи исто така. Поголемиот дел од купувачите пред камерата на М-Нет телевизија истакнаа дека цените се нормални и достапни за секого. Имаше и граѓани според кои пазарот беше скап.
„Дојдевме да земеме нешто за јадење, не е скап, средно, добри се цените, само пари нема, пензии, плати треба да се покачат.“
Продавачите на овошје и зеленчук на градскиот пазар во Штип велат дека цените се без драстични промени споредбено со претходниот петок. Убавото време овозможува поголема раздвиженост, но сепак нема побарувачка и народ како што тоа било некогаш.
„Има ама слабо не е ккако што беше некогаш, сега нема нрод се е стари пензионери на кого да му продадеш, враќаме си ја робата назад“
Овој претпоследен есенски пазар во Штип помина добро. Нема најава за дополнително покачување на производите кои сега се најбарани, како за овошките така и за зеленчукот.
Лаура Стојанова М-Нет