
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци се засилува со крилниот фудбалер Зоран Даноски. Искусниот фудбалер во Кавадарци доаѓа од босанска Звијезда 09.
Даноски е повратник во Тиквеш, а во својата кариера на домашната сцена настапуваше и за Победа, Металург и Кожув, а пак на меѓународната во Чешка за Баник, Чомутов и Прибрам, во Хрватска за Интер Запрешиќ, во Србија за Радник, Пролетер, Младост Лучани и Нови Пазар.
Александар Ванев, М-Нет