
Со пресна погача за благослов, запалена свеќа за светлина и молитва за подобро утре, верниот народ денеска ја слави Богородица, празник посветен на Пресвета Богородица, една од најпочитуваните личности во христијанската вера. Со надеж во срцата верниците во Штип, денеска се молат за здравје, мир и благосостојба за нив и нивните блиски. Велат нема ништо поважно во денешницата човек да биде здрав, среќен и благословен од Бога. Чествувањето на празникот започна уште вчера во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, каде беше подготвена и посна храна.
Верниците празникот го одбележуваат со молитва, заедништво и надеж за здравје, мир и благослов во домовите.
Ева Тушевска, М-Нет