
Се е подготвено за вечерашниот концерт на Меморија во штипскиот Дом на млади. Значителен број на вллезници се веќе продадени со што се ичекува да биде полн дворот на Дом на млади и штипјани да уживаат во еден спектакл кој се подготвува.
„Подготовките за вечерашниот концерт се во тек, ние сме подготвени, сцената е поставена уште вчера. Се е подготвено за вечерашниот спектакл. Очекуваме голема посетеност бидејќи веќе имаме значителна бројка на продадени влезници.“ – вели Лазарев.
Групата Меморија на сцената во штипскиот Дом на млади се враќа повторно после 33 години. Првпат настапиле овде на 27 јуни 1991 година. Концертот вечерва ќе започне во 21:30 часот, а кон програмата се додадени и гости кои ќе се престават пред присутните.
„Меморија гостува во Дом на млади за прв пат после 33 години што значи тоа е еден убав, историски настан кој ќе го повториме денеска. Концертот ќе започне во 21:30 часот, а гости се Трајче Манев, Ивица Јорданов и дувачкиот оркестар Блејзсери“ – додава Лазарев.
Во меѓувреме на влезот на Дом на млади ќе биде поставена кутија за донации за младата Сибел Омерова, со цел да се помогне во собирањето финансиски средства.
Лаура Стојанова М-Нет