
Основното училиште „Тошо Арсов“ во Штип беше домаќин на денешниот математички натпревар наречен Кенгур. На натпреварот учествуваа деца од прво одделение до трета година средно образование од училиштата од Источниот дел од државата. Интересот споредбено со претходната година е зголемен, вели организтарот.
“Денеска станува збор за математичкиот натпревар Кенгур, втор круг е ова. Тоа е математички натпревар со логичко размислување, а после овој круг децата што ќе имаат освоено прва награда имаат можност да одат на олимпијада, доколку сакаат, која се организира при крајот на годината, Септември некаде “ – вели Христова.
Целиот натпревар се одвиваше лесно и пристапно за децата. Тие беа со позитивни очекувањаа и додадоа дека се добро подготвени
“Јас сум Благоја Стојчев и учам во Богданци и се подготвував за натпреварот од кога го најавија. Многу , не многу е тешко и се подготвив едн, два три, месец. Јас сум се викам Меланија Глаич, довагам од Штип, јас цело време имам петки по Математика, математика ми е втор омилен час и се подготвував една недела за да дојдам тука“ – велат децата.
Децата имаа можност да ги покажат своите математички знаења, а тоа е една голема можност за истите. Оние кој ќе се здобијат со награди од првите места, ќе имаат можност за учество на олимпијадата, која ќе се оддржи во месец септември.
Лаура Стојанова М-Нет