
Јавно извинување пристигна од Кирчо Карафиловски од Виница, по недоразбирањата кои ги имаше со адвокатот Методи Гоцевски. Имано, по изјавата на Кирчо на нашата телевизија, за недоразбирањата кои ги имал со адвокатот Гоцевски, но и по најавата дека ќе следува кривична пријава од страна на адвикатот, денеска пристигна и јавно извинување. Карафиловски истакна дека недоразбирањата се надминати и ситуацијата е решена, при што упати јавно извинување до адвокатот за претходно кажаното.
„Јавно се извинувам на адвокатот Методи Гоцевски за тужбата која беше поднесена од моја страна на 6.5.2023 година“ – кажа Карафиловски.
Карафиловски претходно изјави дека е измамен од страна на адвокатот од Виница, па сега си ги бараше парите назад. По оваа објава Гоцевски демантираше и најави тужба, за денеска да пристигне и јавно извинување.
Лаура Стојанова М-Нет