
Кај старата црква во дворот на средното музичко училиште во Штип, почна празнувањето на празникот Свети Архангел Михаил, чиј спомен вечерва и утре празнуваме. Со свеќа, погача, и букет енески цвеќиња, верниот народ уште од попладне се собра на едно место за да му оддаде почит на овој голем празник, кој има длабоко значење во верата. Но, покрај што попладне се оди на црква, се оди и на вечера кај оние што го имаат архангелот Михаил за свој заштитник. Утре пак на имендени и домашни слави, се со цел народот се обедини и ја покаже љубовта еден на друг, со длабока почит и мир на душата. Народот кој доаѓа во оваа црква, вели дека од свои предци чуле за чудата со иконата на овој архангел, која често била грабена и пренесувана, а во текот на ноќта истата се враќала во самото црквиче, изградено од камен, кое и денес е сведок на историјата на градот. Затоа на фреските и иконите Архангел Михаил најчесто е претставен како борец – војвода, со меч, а според некои верувања се смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души на кои им чукнал часот.
Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот .) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како демони.
Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото. Овој празник се празнува секогаш на 21 ноември, менува ден, но никогаш таму, а именден празнуваат сите оние кои што го носат името Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила и слично.
Иван Митев, М-Нет