Потоплото време го полни градскиот пазарот во Штип, имаше и купувачи и продавачи

Полупразен градскиот пазар овој петок во Штип. За разлика од претходните недели, кога времето беше студено и снежно, овојпат сонцето ги измами штипјани да излезат и да ги набават потребните продукти на градскиот пазар. Освен купувачи, имаше и повеќе продавачи. Не сите тезги беа полни, но за разлика од претходниот петок повеќе продавачи ги имаа изложено своите производи на штипските тезги. Дека има зголемена побарувачка согласни се и продавачите. Според нив, потоплото време, истрошените залихи од божиќните празници, но и исплатата на пензиите деновиве се причини поради кои продавачите утринава очекуваа добар пазар.

Најмногу се бараше овошје, морков, цвекло, брокула и компир. Цените некаде повисоки, некаде пониски. Производството во зимските месеци релативно стабилно, меѓутоа поради ниските температури, како што велат производителите, мразот претставува проблем.

Според купувачите, цените не соодвестуваат на примањата на штипјани. За пензионерите нема значително покачување на пензиите, а покачувањето од 2.9% овој месец не им значи ништо кога и цените растат.

На последниот петок од месец јануари повисоките температури го зголемија бројот на купувачи, кои иако со пониски примања излегоа да ги купат потребните производи. На пазарот можеше да се најде речиси сѐ по различни цени.

Ребека Спасова М-Нет