
Вода до колена, ѕидовите гниат од влага, крошната куќа на Риска Ефтимова од село Каратманово пред распаѓање. Се движи со помагала, и ваква слика ја дочекала кога дошла во куќата по неколку месеци. Со созли во очите раскажува дека ситуацијата е тешка, околу куќата вода, внатре вода, не може да се живее во неа, а таа сама не може ниту да ја среди. Најпрво помош побарала од комуналното претпријатие во Општина Лозово.
„Затоа што сум инвалидна, ако некој ме донесе ќе доам ако не не. Брат ми дошол да виде што се случува со куќата. Куќата полна вода. Кога дојдев има што да видам. Бев кај директорот на претпријатието вели не е негова надлежност. “ – вели Риска.
Освен кај директорот на претпријатието реагирала и кај градоначалникот. Отишла со адвокат да побара помош од него.
„Бев и кај градоначалникот, заедно со адвокат ама градоначалникот не ни даде одговор на нашите прашања. Јас не знам ни зошто постои оваа општина. Се измачувам, барам опомош од градоначалникот како мајка.“ – додава Ефтимова.
За вакавата ситуација побаравме одоговор и од градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски. Вели дека е информиран за случајот и дека се работи на трајно решавање на проблемот.

„Веќе сум информиран за случувањата. Она што ние го правиме е трајно да го решиме проблемот и не е само едно лице туку станува збор за повеќе жители на населено место Каратманово, кои во континуитет биле поплавувани од атмосферската вода. Веќе сме во контакт со лицето чија куќа е поплавена, Општината работи во интерес на граѓаните и излеговме на терен за да може да и помогнеме“ – вели Цветковски.
Се работи на изведба на каналски сиситем со кој ќе се реши проблемот со атмосферските води како и поплавувањето на жителите во село Каратманово.
Лаура Стојанова М-Нет