Пожарникар повреден при работа пренесен во Клиничка болница Штип

На 26.04.2021 во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека околу 13.15 часот при извршување на работни задачи на зградата на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарникарот А.Л.(37) паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото бил извршен од екипа на Одделението за внатрешни работи Свети Николе.