Повторно запален автомобил во Штип

По запаленото возило во Штип во раните утрински часови на 12 март, автомобил гореше и рано утринава.

-На 14.03.2020 во 04.34 часот во СВР Штип било пријавено дека ул.„Булевар ЈНА“ во Штип настанал пожар, при што било опожарено паркирано патничко возило „ауди“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(20) од Р.Турција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, соопштија од СВР Штип.

Ова е 25-ти случај на опожарени возила во период од една година на подрачјето на СВР Штип.