Повторно гори во пехчевско, во несреќата изгоре и противпожарното возило на ТППЕ Пехчево

Голем пожар во големи размери, повторно изби во малешевијата. Со околу 200 хектари опожарена површина во која гори високо стеблеста шума е опфатен пехческиот регион. Од седум часот утрово е започнато со воздушна поддршка со два хелихоптера, истака градоначалникот на општината Александар Китански и се надева дека во текот на денот пожарот ќе биде ставен под контрола.

“Пред недела дена имавме голем пожар и еве после недела дена пак голем пожар со големи размери, по некоја слободна проценка со консултациите од техничките на терен имаме некаде околу 150, до 200 хектари опожарена површина. Можам да кажам дека гори високо стеблеста борова шума, високи дрвја и голема температура и од утрово од седум часот имаме воздушна поддршка со два хелихоптера и се надеваме дека ќе ни биде добро времето, без да имаме ветер, за да во овој ден оганот го ставиме под контрола.”, истакна Китански

Поддршка моментално има од противпожарните единици од Кочани, Кавадарци, Виница, Берово, како и од доброволни екипи и месното население.

“Моментално имаме поддршка од нашето локално население, од подружницата на претпријатие национални шуми. Имаме доброволни екипи од соседните градови и од пожарните единици од Кавадарци, Кочани, Виница, Берово и месно население.“, изјави Китански

Во целата незгодна, при обид за гаснење на пламените јазици за несреќа изгоре едно противпожарно возилно, кое било заобиколено од силниот оган, но за среќа нема повреди и жртви.

“При процесот на гаснење биле заобиколени од пламените јазици, немало чаре и добро е што немаме никакви последици и жртви, а луѓето се извлечени од пламените јазици, така да немаме повредени и имаме само штета од изгорено противпожарно возило. Екипите се на терен и тие си ја вршат работата и како што реков се надевам во текот на денешниот ден, простор за паника нема“, додава Китански

Во согласност со ситуацијата, од седницата на кризниот штаб во Пехчево истакнаа дека овој пожар е во непосредна близина на минатиот, и велат дека пожарот има веројатност да е подметнат, а дежурните екипи се постојано на терен и секојдневно вршат контроли за заштита и појави од оган.

Лаура Стојанова, М-Нет