
На 27.08.2023 во 20,03 часот во Полициска станица Пробиштип е пријавено дека во 19.20 часот во Јавна здравствена установа во Пробиштип бил донесен повреден Б.В.(46) од с.Ратавица, пробиштипско кој според пријавеното се здобил со повреда при работа во рудник во с.Добрево, по што е пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот.