
Во село Козјак, Општина Карбинци во последните четири дена жителите кои одгледуваат стока ставени пред огромно искушение. Добитокот е оставен на милост и немилост бидејќи нема од каде да се напојат со вода. Реката пресушила, а не може ниту преку водоводот. Дејанчо е единствениот одгледувач на стока во ова село. Вели некој од соселаните ископале огромна дупка и таму се повлекува водата од реката. Ем вода за кравите нема, ем дупката предизвикува огромна опасност и за луѓето и за животните, а надлежните глуви за проблемот.
„Сега комсија туке еден сака да наводнува нива и ископа една дупка у која може да дојде да се удаве некоја крава или дете. Сега водата се собира во дупката, во реката нема вода жално е за добитокот.“ – вели Дејанчо.
Дејанчо се занимава со одгледување на стока повеќе од 40 години и вели дека бидејќи е сам никој не му излегува во пресрет, вклучувајќи ги овде и надлежните за да се изнајде решение за неговиот проблем.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека е запознаен со ситуацијата но не знае зошто тоа сега претствува проблем. По барање на жителите изградиле земјен бунар, а водата може да се користи и за наводнување и за стока, според Насев во прашање се лични несогласувања на жителите.
„Секој жител на Козјак си има дома вода, има приклучок на вода има квалитетна и здрава вода, значи тој добиток еве не мора ние да бараме алтернативно решение станува збор за некакви лични интереси на подинци“ – истакна Насев.
Управувањето со водите во Козјак Насев им го препушти на самите жители, посочувајки дека вода има доволно.
Лаура Стојанова М-Нет