Охрид гради тим за Прва лига, го задржа и штипјанецот Иван Глигоров кој е најдобар стрелец!

Второлигашот Охрид го задржат тимот од есенската полусезона и најдобриот стрелец од првиот дел на сезоната, штипјанецот Иван Глигоров кој ќе биде задолжен за голови и во пролетниот дел.

Охриѓани покрај тоа веќе го промовираа и Благоја Спиркоски за нов тренер, потврдувајќи дека нивните амбиции и цели се директен влез во Прва лига, односно освојување на првото место во Втора лига.

Спиркоски е искусен играч со околу 150 настапи во Првата лига, доаѓа од Кожуф, а има настапувано за Победа, Македонија ЃП, Пелистер, Гостивар и Тиквеш.

Охрид е есенски шампион со 36 бодови на своето конто, еден повеќе од Шкендија Арачиново која е втора, а пак три повеќе од Брегалница која заврши на третото место со 33 бодови.

Штипјанецот Глигоров одигра фантастична есен за Охрид, тој е најдобар стрелец во лигата и во пролетниот дел ќе биде важна алка за Охрид во трката да се задржи првото место и да се обезбеди директен влез во Прва лига.

Пролетниот дел тимот на Охрид го започнува со тешко гостување во Струмица кај Беласица.

Александар Ванев, М-Нет