Остварена средба на пензионерите од Кочани со министерката Шахпаска

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска беше во посета на здружението на пензионери во Кочани, во кое членуваат и пензионери од соседните општини Чешиново Облешево и Зрновци. Проблемите и потребите на пенизонерите беа ставени во прв план, имајчи го во предвид фактот дека пензионерите се градителите на ова општество.

„Разговаравме во делот на пензионерскиот стандард, за усогласувањето на пензиите коишто и во услови на пандемија тече согласно Закон, соглсно трошоците за живот двапати беа усогласени пензиите во оваа година. Меѓутоа разговаравме и за промена на методологијата на усогласување на пензиите на која што МТСП веќе пристапува и веруваме дека до крајот на годината ќе биде испорачана новата методологија со која пензиите ќе се усогласуваат и со растот на просечната плата“ – кажа Шахпаска.

Здружението на пензионери во Кочани заедно со членови од соседните општини брои над 7 ипол илјади членови. Една од позначајните потреби на пензионерите е грижата за нив и изградбата на нов старечки дом, посочи Шахпаска.

„Како МТСП во нашата програма постои, веќе ја ставивме изградбата на старски дом за сместување на 156 стари лица. Тоа се стари лица од овој регион од Истокот на државата, кој треба да биде изграден согласно најсовремените решенија и стандарди за сместување на стри лица“ – додаде Шахпаска.

Шахпаска додаде дека најважно е квалитетното стареење, истовремено го изразни своето задоволство бидејќи поголем дел од пенизонерите членови во Здружението се вакцинирани, а со имунизацијата се постигнува личен и колективен имунитет.

Лаура Стојанова М-Нет