Основен суд Штип со тенденција за подобрување на условите за работа

Прикажувањето на работата на судот пред јавноста е од доста големо значење како за судските работници, така и за сликата која се прикажува пред јавноста. Чести се случаите во кои медиумите прикажуваат една слика за она што се случува во судовите а реалноста е сосем поинаква. Не изостанува и појавата во која преку медиумите се суди многу порано пред та да го направи овластено лице односно судија. Со тоа под знак прашалник се става безбедноста на судиите, начинот на нивниот приватен живот и слично. Со таа цел денеска се оствари средба на претседателот на Основен суд Штип, со претставници од медиумите, за начинот на известување и прикажување на судските постапки пореално на јавноста.

Основен суд Штип, и покрај светската пандемија со Ковид 19, претходната година ја заврши ажурно и без заостанување на работата.

Многу спорведени истражувања и анкети покажуваат дека граѓаните имаат многу мала даверба во судството. Според Андонов тоа не е реална слика, бидејќи гоме дел од граѓаните тоа го посочуваат а без притоа да имаат можноста да бидат дел или да имаат потреба од судовите. Реалната бројка на поплаки од судии од разни спорови е мала во споредба со илјадниците предмети кои се решени од страна на Основен суд Штип. Квалитеот на судските одлуки е задоволителен, односно мал број на судски одлуки се укинати. Основен суд Штип моментално располага со три опремени судници и тенденција нивниот број да биде зголемен како и да бидат опремени за дигитално односно он лајн судење. Проблем е бројот на судии, кадарот. Се располага со 14 судии од кои еден судија е делигиран во Основен суд Берово, и на еден судија местото му е во мирување бидејќи е челн на Судскиот совет. Кадровскиот проблем се очекува да биде надминат, а содржината и бројот на предмети се надминува сега со помал број судии но успешно.

Лаура Стојанова М-Нет