Оризарите на штрајк ако надлежните не излезат на терен да утврдат што го уништува оризот

Оризопроизводителите од кочанско и понатаму мака мачат да откријат каква болест го зафатила оризот. Велат дека коренот се суши, а вегетацијата е двојно пониска за овој период од годината. Загрижени се за производството бидејќи како што велат истото ќе се намали. Захов Трајче половина век се занимава со производство на ориз, ама ваква ситуација од претходно не памети.

„Многу факти влијаат на оваа болест. На нас ни требаат стручнаци за да видат за каква болест станува збор. Го снемува оризот, суше се земјата. Мислам дека 20 до 30% ќе се намали производството.“ – вели Захов.

Ситуацијата со времските услови, односно врнежите од дожд и сегашаните болести оставаат сомнеж дека ориз ќе нема ниту за сопствена употреба, а не пак за продажба. И овојпат оризарите апелираа до надлежните да излезат на терен и да утврдат за каква болест станува збор, во спортивно велат ќе излезат на штрајк.

„Оваа болест се јавува веќе наназад пет години ама беше со помал обем. Денес е во поголема зафатеност, околу 50 % од површините се веќе зафатени и очекуваме дека ќе се шири. Немаме начин со кој може да го спречиме, бидејќи не знаеме од каде е појавена и што е сторено со самото растение. Тоа нема вегетација како што треба да има за овој период од годината. Ние во периодот кај Илинден чекавме и клас. Растениата се во фаза како сега да се засеани. Нема доволно храна во коренот и самото растение останува мало. Под итно бараме надлежните да излезат на терен, во споротивно ние ќе бидеме принудени да излеземе на штрајк и така да си го бараме нашето право.“ – вели Максимов.

Површините со ориз беа намалени и во време на сеидба, допонително влијаеше дождот, а сега и новата болест. Тоа значи дека приносите ќе бидат значително намалени.

Лаура Стојанова М-Нет