Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје.
На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини.

Настанот ќе се одржи на целосно обновениот терен во паркот „Авионче“, кој доби нов и модерен изглед, дополнително збогатувајќи го едно од најпосетените спортски катчиња во општина Аеродром.
Покрај возбудливите натпревари, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во настапот на светски познатиот Grabo Dunks, четирикратен FIBA шампион во забивање, кој ќе приреди атрактивно шоу за сите љубители на кошарката.

Со одлична спортска програма, музика и богата атмосфера, Red Bull Half Court уште еднаш ќе го претвори Аеродром во центар на баскетот и на спортските возбудувања.

Општина Аеродром ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од овој уникатен настан и да уживаат во незаборавен кошаркарски викенд во паркот „Авионче“.
Текстот Општина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот е превземен од МАКФАКС.