„Половина од улицата „Ванчо Китанов“ во населба Сењак веќе една година е недостапна, поради свлечиште“, истакна од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес – конференција. Според нив, веќе подолго време тамошната ситуација е опасност за жителите, а особено децата, за што причина бил лошиот менаџмент.
„Немало полош менаџмент на Општина Штип од моменталниот! Половина од улицата „Ванчо Китанов“ во населба Сењак веќе една година е недостапна, поради свлечиште. Истата ги оневозможува жителите да си ги извршуваат секојдневните обврски, а ги обременува и со дополнителен трошок за избегнување на одронот пред нивните станбени згради. Децата на улицата ги демне вистинска опасност од необезбедени отворени јами низ кои поминуваат струјни кабли и е вистинско чудо што до сега никој не загинал! И наместо општината до сега да преземеше итни мерки за реконструкција на оваа улица и поставување на потпорен ѕид за да се спречи повторување на одронот, истата, очигледно, е во зимски сон. Вакви неодговорни функционери не заслужуваат повеќе да се занимаваат со политика, а најмалку да добијат уште еден мандат на претстојните избори!“ – рекоа на прес – конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
На ваквата реакција, Општина Штип со демант дека проблемот е настанат уште во 2014 година, поради невнимателноста на тогашните власти.
„Општинa Штип и нејзиниот менаџмент, работи детално и студиозно на секој проблем. Во тек е изработка на проект за изработка на значаен потпорен ѕид, со студија за подземни води, која е во завршна фаза, после која ќе започне тендерска постапка за компанија која ќе ја изведе изработката на потпорниот ѕид, според насоките кои ќе ги дадат проектантите.
Овој проблем е настанат уште во 2014 година кога без размислување од тогашните власти е дадено одобрение за изградба на станбени објекти, без да се води сметка за компликациите кои би можеле да настанат, а тоа е денешното свлечиште на земјиштето.“ – се вели во демантот од Кабинетот на Градоначалникот.
Ребека Спасова МНет
