
Вкупно 11 училишта од Источниот регион, 68 ученика, три средни и осум основни училишта беа дел од денесшниот настан во Основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип. Децата со попреченост имаа можност да спортуваат, да играат во пет спортски дициплини и со тоа да се покаже важноста на спортувањето за сите ученици.
„Целта на Федерација на училиштен спорт е да го омасови присуството, односно спортот и спортските активности за учениците со посебни спортски способности. Децата денеска нема да се натпреваруваат туку ќе играат, ова се наши спортски игри не се натпреварувачки, ќе играат во пет спортски дисциплини, имаме полигон, кошарка, фудбал, пинг понг и атлетски тробој во кој има трчање 50 метри, скок во далечина, скок од место и фрлање ѓуле.
Спортот е одлична можност и децата со попречености да ги покажат своите спортски вештини во различни дисцплини, да се покажат нивните квалитети и да се поттикне понатамошен развој. Влијае за сите ученици, а посебно за децата со попреченост бидејќи тие уживаат додека спортуваат.

„Не само од медицинкси туку и од онаа социјална компонента во којашто сите на некој начин би се почувствувале подеднакво. Мислам дека федерацијата на еден ваков начин не само за децата со попреченост, треба да се направи една заедничка организација на спортски игри со што ќе се направи инклузија на децата со попреченост и децата со нормална популација да можат тие во наводници да ги одмерат своите сили за да видиме дека спортот претставува една одлична алатка за инклузија.
Ова е дел од есенските спортски игри кои ги опфаќа Федерацијата на училиштен спорт во Источниот дел. Ова се организирани трети игри, претходно вакви се одржаа во Кавадарци и Куманово. Во есенските спортски игри се опфатени 200 дечиња со попречености и се целосно вклучени во спортот.
Лаура Стојанова М-Нет