Од денес паркирањето во Штип се плаќа

Од денес повторно се наплаќа паркирањето во Штип. Мерката за бесплатно паркирање во период од два месеци – мај и јуни, која локалната власт ја понуди заради корона кризата, заврши вчера. Од локалната власт информираат дека од денес состојбата се враќа во нормала и важат истите цени и услови за користење на јавен паркинг простор како и пред два месеци.