
Боречкиот клуб Олимпија од Штип ја продолжува меѓународната соработка, откако успешно го организираше двомечот со грчкиот клуб Олимпикис од Волос, веќе во петок ќе има нов меѓународен спортски настан во Штип, тренинг едукација односно промовирање на техники од грчко-римски стил, слободен стил и промовирање на женското борење.
Овој спортски настан ќе се одржи со бугарскиот клуб Васко и Ѓорги Илиеви од Ќустендил, Бугарија.
„Во петок во 12 часот во спортската сала на ООУ „Славејко Арсов“ во Штип ќе се одржи тренинг едукација односно ќе имаме промовирање на техники од грчко-римски стил, слободен стил и промовирање на женското борење овде во салата на боречкиот клуб Олимпија. Со тоа што на гости ќе ни бидат боречкиот клуб Васко и Ѓорги Илиеви од Ќустендил и ова е еден начин, стимул и потик за секој оној што сака да тренира борење да дојде во петок во 12 часот во салата на ООУ „Славејко Арсов“ ќе може да се запознае одблиску со сите техники на борењето, грчко-римски стил, слободен стил и исто така за женското борење“, рече Тодев од БК Олимпија за М Нет телевизија.
Овој спортски настан има за цел запознавање на борењето како спорт со најмалите, а децата со седум годишна возраст и поголеми може да земаат учество и одблизу да се запознаат со борење како спорт.
„Секое дете кое што е седум години или поголемо од седум годинки, може да дојде да проба на душекот како е чувството да се стапне на душекот, со тоа што доколку има и некои помали деца коишто веќе се понапредник од нивните врсните може да дојдат.“
Преку овој настан ќе се промовира и женското борење, а токму БК Олимпија има трето место на Европско првенство со Андреа Нисева.
„Се разбира женското борење е во подем, исто така во редовите на БК Олимпија имаме трето место на Европско првенство со Андреа Нисева. Секако дека се работи и на тоа поле.“
Со овој настан БК Олимпија ја продолжува меѓународната соработка, како што беше случајот со двомечот со грчкиот клуб, за што во иднина ќе има вакви настан.
Александар Ванев, М-Нет