
Синоќа во Штип со одбојкарскиот натпревар УГД Студент – Виктори Волеј од Струмица заврши сезоната во женската Прва лига на Македонија. Младите штипјанки одиграа одлично и со залагање на сите поединки со максимален резултат од 3:0 ( 26:24) ( 25:18) ( 25:15) во сетови ја победија струмичката екипа Виктори Волеј. Со овoj меч се спушти есенската прволигашка одбојкарска завеса која ќе продолжи на пролет кон крајот на месец февруари. Како што е познато женската екипа на УГД Студент во пролетниот дел ќе се бори во групата на екипи за пласман од 7 до 14 место.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk