Нова минимална плата во март, граѓаните бараат уште повеќе

Нова минимална плата во март – ама дали е доволна? Граѓаните го поздравуваат зголемувањето, но категорични треба уште. Она што ги загрижува особено е стравот дека цените повторно ќе се зголемат и дека парите брзо ќе исчезнат од џебовите. Според нив, важно е платата да стигнува за потребите на семејствата и да овозможува нормален живот. Тие велат дека покачувањето е чекор напред, но дека треба да се продолжи со реални и доволни зголемувања.

Покачување на цените на основните продукти, граѓаните забележале уште пред неколку дена. Велат вака ако продолжи, нема да биде доволно покачувањето на платата. Иако покачување реално знаат дека ќе има, сепак како што велат трговците повторно мудруваат.

Граѓаните порачуваат дека најавата е позитивен чекор, но дека сè уште очекуваат конкретни мерки што навистина ќе им го олеснат животот. Тие потенцираат важно е зголемувањето да биде доволно за секојдневните потреби, а не само симболично.

Иван Митев, М-Нет