Една недела по започнувањето на предизборната кампања за предвремените избори за градоначалник во Општина Штип, денеска со свое обракање до јавноста излезе заменик претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска. Со огромно заадоволство, ја насочи својата поддршка кон кандидатот за градоначалник од СДСМ, д-р. Сашко Николов.

„Гласот за Николов е глас за поголемо младинско учество за политиките на водење на градот, но и поголема шанса за полова рамноправност“ – беше дел од изјавата на Шекеринска.
Со голема благодарност се обрати и д-р. Николов, нудејќи решенија за проблемите на штипјани.
„Изработка на нови вистински рекреативни патеки, за пешаци и велосипедисти, како и рекреативна патика од село Караорман до населба Баби.“ – беа дополнително дадените ветувања од Николов.