Николов: Создавање на поддршка и помош за сите граѓани, на долг рок, онака како што заслужуваат штипјани

Продолжува модернизација и урбанизација на градот под Исарот. После направените голем број проекти од страна на Социјалдемократскиот сојуз, работата не престанува овде. Со изјава до јавноста за досега сработеното, гордо денеска на прес излезе Генералнио секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со најава за конечно финализирање на постапката за изградба на брана на река Отиња. Свое обраќање денеска имаше и кандидатот за градоначалник од Социјалдемократскиот сојуз, д-р. Сашко Николов, кој ветува шанса Штип да се придвижи кон напредокот и развојот онака како што заслужува.
„Ќе иницирам добротворен фонд преку кој ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани. Ќе ја продолжиме успешната соработка со „Црвен крст“ – Штип…“ – беше дел од изјавата на Николов.
„Како градоначалник ќе се посветам целосно на заштита на јавното здравје, поддршка и помош на сите граѓани кои имаат потреба“ – истакна д-р. Николов