Наумов: Играчите после победата над Вардарски ја подигнаа самодовербата, одиме чекор по чекор!

Новиот тренер на Брегалница, Ристе Наумов, во својата прва изјава како кормилар на штипскиот второлигаш, вели дека е задоволен од залагањето на фудбалерите и дека е подигната самодовербата после победата над Вардарски.

Наумов дебитираше на тренерското столче со победа против Вардарски во Штип од 2:0.

„Играчите после победата над Вардарски ја подигнаа самодовербата и психолишки се на највисоко ниво. Формата оди во нагорна линија. Распоред на натпревари е добар, одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, максимално концентрирани за секој нареден предизвик. Јас, како шеф на стручниот штаб сум задоволен од залагањето на сите фудбалери во тимот и дисциплината и хемијата која владее во соблекувалнат“, вели Наумов.

Брегалница утре ќе гостува кај Осогово во Кочани, во рамки на 20. коло на Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет