Македонија загуби од Чешка, која доби два спорни пенали!

фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2:1 на гостувањето кај Чешка, каде во центарот на вниманието беше главниот судија Оченаш од Словачка.

Домаќинот успеа да ја затресе мрежата на Македонија, но голот беше поништен бидејќи Шик беше во офсајд позиција. На полувреме се замина со 0:0.

Чешка поведе со 1:0 со голот на Патрик Шик во 60. минута од пенал, пенал кој во најмала рака беше дискутабилен, но немаше ВАР асистенција за истиот.

По само пет минути игра Македоника успеа да израмни преку Исник Алими на 1:1 кој го запиша својот деби погодок во репрезентативниот дрес.

Во судиското надополнување од седум минути, во последните секунди Оченаш покажа на белата точка, а Барак погоди за конечни 2:1.

Претходно, Македонија загуби со 3:0 од Хрватска на пријателски меч.

Александар Ванев, М-Нет